ПРВ.мк

Коњановски: Горди сме што МНД ја гради својата историја во Битола

Коњановски: Горди сме што МНД ја гради својата историја во Битола
Jumbo Banner

„Битола отсекогаш знаела да ги препознае и поддржи вистинските вредности што оставаат траен белег“, порача градоначалникот Тони Коњановски на свечената академија по повод 65 години од основањето на Македонското научно друштво (МНД) – Битола, одржана синоќа во салата на Народниот театар.

Коњановски истакна дека научната мисла е темел на секој вистински развој, потенцирајќи дека без наука нема ниту иновации, ниту напредок, ниту иднина.

„Горди сме што ова друштво својата историја ја гради токму во нашиот град. Верувам дека Општина Битола и понатаму ќе остане партнер и поддржувач на научните иницијативи и развојот на знаењето. Овој јубилеј не е само повод за славење на минатото, туку и повик кон иднината – кон нови проекти, нови истражувања и уште посилна поддршка за младите“, рече Коњановски.

На свеченоста, на која присуствуваа бројни членови, поддржувачи и гости, беше одбележан голем јубилеј – 65 години постоење на МНД Битола, најстарата институција од ваков вид во државата. Претседателката на Друштвото, Даниела Андоновска Трајковска, говореше за значајните постигнувања на МНД и улогата која ја има во научниот, културниот и општествениот развој на земјата.

За својата континуирана поддршка на МНД, Коњановски, заедно со научниот секретар на МАНУ проф. д-р Блажо Боев, ректорот на УКЛО проф. д-р Игор Неделковски и заменик министерот за образование Лулзим Алиу, доби почесна плакета.

Свеченоста беше збогатена со културна програма и проекција на документарниот филм „МНД – 65 години наука, уметност и култура“, изработен од студенти на УКЛО.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран