ПРВ.мк

Поради градежни работи за проширување на патот за село Буково, од понеделник времен режим на сообраќај

Поради градежни работи за проширување на патот за село Буково, од понеделник времен режим на сообраќај
Jumbo Banner

На барање на локалните жители и населението кое го користи локалниот пат за с.Буково и нивното укажување на проблемите за безбедно одвивање на сообраќајот, поради недоволната ширана на патот од 3,5 м’, Општина Битола спроведе постапка и склучи договор за изведба и проширување на коловозот.

Вкупната вредност на договорот изнесува 19.690.365 денари, а рокот на изведба е 90 дена.

Работните активности на терен се веќе започнати, а од понеделник на овој патен правец ќе биде воведен времен режим на сообраќај.

-Доградбата (проширувањето) на дел од постоечкиот коловоз е со должина од 600 м, а ширината на асфалтниот дел од коловозот ќе изнесува 5,50 м’, односно ќе се изврши симетрично проширување на постоечкиот коловоз од две страни од по 1,0 м, соопшти Општина Битола.

Од двете страни на коловозот (до асфалтниот дел) предвиденa е изработка на банкини со ширина од по 75 см. од секоја страна.

-Во банкината на пониската страна ќе се вградат префабрикувани бетонски каналети до самиот раб од доградениот асфалт со димензии 40/20/50 см, додека на останатите 35 см, од банкината ќе се изврши стабилизација со бетонирање на АБ плоча со д = 10 см. Банкината на повисоката страна ќе се стабилизира само со бетонирање на АБ плоча со ширина од 75 см. и д=10 см, потенцираа од Општина Битола.

Вака прифатената атмосферска вода преку каналетите во банкините, предвидено е да се спроведува во префабрикувани бетонски риголи со димензии 50/40 х 50 см. поставени од двете страни на патот.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран