ПРВ.мк

Односите започнуваат да се влошуваат? Трамп со неочекувана изјава за рускиот претседател Путин

Односите започнуваат да се влошуваат? Трамп со неочекувана изјава за рускиот претседател Путин
Jumbo Banner

Трамп жестоко по „Њујорк Тајмс“, а потоа и по Путин: „Можеби само ме залажува“

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп повторно се огласи преку својата платформа „Трут соушал“, со објава во која остро го нападна весникот Њујорк Тајмс, но и упати критики кон рускиот претседател Владимир Путин за последните напади врз цивили во Украина.

„Без разлика каков договор би постигнал во однос на Русија и Украина – дури и да е најдобриот во историјата – пропаднатиот Њујорк Тајмс ќе најде начин да го претстави негативно“, напиша Трамп. Тој посебно се осврна на новинарот Питер Бејкер, кого го нарече „малиот Питер“ и „неталентиран“, обвинувајќи го дека слепо ги следи наредбите од уредниците.

„Тој напиша дека Украина мора да ја врати целата територија – вклучително и Крим – за да престане крвопролевањето, што е апсурдно“, додава Трамп, потсетувајќи дека токму администрацијата на Обама дозволила Русија да го анектира Крим „без испукан куршум“.

„Јас ѝ дадов на Украина џавелини. Обама – само чаршафи“, порача Трамп, потенцирајќи дека нема никаква одговорност за актуелната војна: „Оваа војна е на заспаниот Бајден, не моја.“

Во продолжение, поранешниот претседател испрати и директна порака до Путин, осудувајќи ги руските напади врз цивилни цели: „Нема оправдување за тоа Путин последниве денови да гаѓа градови и села. Тоа ме тера да се сомневам дека можеби не сака вистински да стави крај на војната – можеби само ме залажува.“

Според него, доколку Русија продолжи со ваквото однесување, САД ќе мора да преземат други чекори, „можеби финансиски или преку дополнителни санкции“.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран