ПРВ.мк

Коњановски: Младите се клучот за напредокот на Битола

Коњановски: Младите се клучот за напредокот на Битола
Jumbo Banner

Во рамките на одбележувањето на Денот на основањето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, денес се одржа Отворен ден под мотото „Корени и крилја“, со цел промоција на студиските програми пред матурантите и афирмација на меѓународната соработка преку партнерството со КОЛОРС Алијансата.

На панел-дискусијата свое обраќање имаше и градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој ја нагласи улогата на општината во креирањето услови за образование, развој и афирмација на младите. Тој посочи дека стекнувањето на високообразовна диплома е суштинско за личниот напредок, но и за целокупниот развој на општеството.

Коњановски ги презентираше и програмите што Општина Битола ги спроведува за поддршка на младите: активното функционирање на Младинскиот центар, финансиската поддршка за младински проекти, програмата за летна студентска пракса со паричен надоместок, како и активностите на Локалниот младински совет кој има улога во иницирање младински политики на локално ниво.

„Младите се најважната алка на едно општество. Наша обврска е да вложуваме во нивниот развој, да ги поддржуваме нивните иницијативи и да создадеме услови каде што ќе останат и напредуваат токму тука – во Битола“, истакна Коњановски.

Активностите продолжија на платото пред Офицерскиот дом, каде претставници на Младинскиот совет и Општина Битола ги претставија сите достапни програми и можности за младите.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран