Објавен е целосниот календар на неработни денови за 2026 година за граѓаните на Република Северна Македонија, кој покажува дека годинава носи вкупно седум продолжени викенди, што овозможува подобро планирање на патувања и одмори.
Меѓу празниците кои се неработни за сите граѓани се издвојуваат Нова година (1 јануари, четврток) и Божиќ (7 јануари, среда). Рамазан Бајрам на 20 март (петок) носи прв продолжен викенд во годината, додека Велигден (13 април, понеделник) исто така овозможува споен викенд.
Во мај, Денот на трудот (1 мај, петок) е уште една прилика за продолжен одмор. Следува 25 мај – Св. Кирил и Методиј (понеделник), кој е продолжен викенд бидејќи претходниот ден паѓа во недела. Слична ситуација има и со Денот на Републиката на 3 август (понеделник), кој исто така произлегува како продолжен викенд поради тоа што 2 август е недела.
Денот на независноста (8 септември, вторник) не носи продолжен викенд, но сепак претставува слободен ден во средината на неделата. Потоа следува Денот на народното востание (12 октомври, понеделник), кој повторно создава продолжен викенд, како и Денот на македонската револуционерна борба (23 октомври, петок).
Последниот државен празник за годината е Св. Климент Охридски на 8 декември (вторник).
Покрај овие датуми, календарот предвидува и дополнителни неработни денови за припадниците на различни верски заедници, кои исто така можат да резултираат со дополнителни продолжени викенди.



















