ПРВ.мк
Наука/Технологија

Затемнувањето на Сонцето низ Европа во фотографии: Небесен спектакл каков што не се памети од 1999 година

Затемнувањето на Сонцето низ Европа во фотографии: Небесен спектакл каков што не се памети од 1999 година

Милиони луѓе ширум Европа вечерва беа сведоци на еден од највпечатливите небесни спектакли во последните децении – затемнувањето на Сонцето.

Погледите беа свртени кон небото од Исланд и Шпанија, па сè до останатите делови од Европа каде феноменот можеше да се набљудува како делумно затемнување.

Настанот привлече огромно внимание, а бројни фотографи успеаја да забележат спектакуларни моменти од различни локации.

Европската прес и фото агенција ЕПА објави серија импресивни фотографии кои покажуваат како изгледал небесниот феномен од различни делови на континентот.

Особено впечатлива е фотографијата направена во регионот Леон во Шпанија, каде затемнетото Сонце е фотографирано зад роговите на бик, создавајќи необична и драматична глетка.

Интересна сцена била забележана и во Санкт Петербург, каде Сонцето за време на затемнувањето добило изглед на необичен „обратен срп“.

Небесниот спектакл беше најголемото затемнување видливо од делови на Европа по познатото целосно затемнување во август 1999 година, а фотографиите од вечерашниот феномен веќе се шират низ светските медиуми и социјалните мрежи.