ПРВ.мк
Црна Хроника

САМ ДОШОЛ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА: Уапсен 62-годишник поради сомнение за тешко кривично дело

САМ ДОШОЛ ВО ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА: Уапсен 62-годишник поради сомнение за тешко кривично дело

На 25 септември во 21:45 часот, во Полициската станица Тетово доброволно се пријавил 62-годишниот Р.Н. од тетовско село, откако претходно на социјалните мрежи била објавена снимка поврзана со случајот.

Според информациите, по насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово, 62-годишникот бил лишен од слобода поради основано сомнение дека сторил кривично дело „силување на дете кое не наполнило 15 години“, казниво по член 188 од Кривичниот законик.

Осомничениот бил задржан во полициска станица, а надлежните продолжуваат со преземање мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.


Видео: