Петмина средношколци од Велес направија значаен чекор кон освојување на главната награда од еден милион денари на националниот натпревар „Средношколец милионер“, организиран од академијата Brainster.
Тимот од ДСУ РЦСОО „Коле Неделковски“ – Велес, составен од Ива, Паола, Ана Марија, Виктор и Лазе, се претстави со својата иновативна бизнис-идеја под името „BinGo Points“, со која успеа да привлече внимание во големата конкуренција.
На натпреварот биле пријавени повеќе од 600 проекти од средношколци од целата држава. Меѓу нив, велешкиот тим успеа да се пласира во следната фаза и да се најде меѓу 141 најдобра бизнис-идеја.
Еден милион денари за најдобриот тим
Борбата за главната награда продолжува, а тимот што ќе се покаже како најдобар на натпреварот ќе освои еден милион денари.
Сега на велешките средношколци им е потребна и поддршката од граѓаните. Сите што сакаат да им помогнат да направат уште еден чекор кон финалето можат да го поддржат нивниот проект „BinGo Points“ со гласање преку линкот објавен за натпреварот.
Успехот на петтемина ученици е уште една потврда дека младите од Велес имаат идеи, креативност и амбиција да се натпреваруваат со најдобрите во државата.








