ПРВ.мк
Наука/Технологија

Њутн оставил необично предупредување за човештвото: Eве која е клучната година

Њутн оставил необично предупредување за човештвото: Eве која е клучната година

Еден од најголемите научници во историјата оставил мистериозно предвидување: Што треба да се случи во 2060 година?

Њутн ја издвоил 2060 година како пресвртна: Еве што всушност предвидувал славниот научник

До пресметката дошол со едноставна аритметика: Зошто Исак Њутн верувал дека 2060 ќе биде клучна година?

Остануваат уште 34 години: Што напишал Исак Њутн за 2060 година и „крајот на една ера“?

Исак Њутн е запаметен како еден од највлијателните научници во историјата, чии откритија за движењето и гравитацијата засекогаш ја променија физиката. Сепак, покрај науката, голем дел од неговиот живот бил посветен и на религијата и толкувањето на библиските пророштва.

Токму преку таквите проучувања Њутн дошол до годината 2060, која ја сметал за можна пресвртна точка во историјата на човештвото.

Историчарот на науката Стивен Снобелен, кој ги проучувал религиските записи на Њутн, објаснува дека славниот физичар бил длабоко убеден дека Библијата содржи информации за идни настани.

Њутн верувал дека Бог не е ограничен со времето како човекот и дека библиските пророштва претставуваат своевидни описи на она што допрва треба да се случи. Истовремено, сметал дека тие се напишани со сложена симболика и дека нивното разбирање бара внимателно толкување.

Интересно е што до 2060 година не дошол преку некаков сложен математички модел. Неговите белешки покажуваат релативно едноставни аритметички пресметки базирани на временски периоди што ги извлекувал од библиските текстови.

Резултатот бил – 2060 година.

Сепак, популарното тврдење дека Њутн го предвидел „крајот на светот“ во 2060 година не ја пренесува целосно неговата идеја.

Според толкувањето на Снобелен, Њутн повеќе ја гледал 2060 година како крај на една историска епоха и почеток на нова. Во неговите религиски размислувања, пред овој период можело да има големи конфликти и катаклизми, по што би следувала фундаментална промена.

Њутн очекувал и Христовото доаѓање и воспоставување на Божјото Царство на Земјата, па неговото предвидување не било исклучиво апокалиптично. Напротив, крајот на старата ера за него истовремено означувал почеток на нова.

Така, човекот кој со своите научни закони помогна да се објасни функционирањето на физичкиот свет, паралелно се обидувал да ја „пресмета“ и неговата иднина преку библиските пророштва.

Дали 2060 година навистина ќе донесе нешто што би можело да се поврзе со неговите толкувања, невозможно е да се предвиди. Но неговите записи остануваат фасцинантен пример за помалку познатата страна на еден од најголемите умови во историјата.