ПРВ.мк
Наука/Технологија

Мрак среде бел ден: Европа сведок на редок небесен спектакл

Мрак среде бел ден: Европа сведок на редок небесен спектакл

Милиони луѓе и љубители на астрономијата ширум Европа вечерва ги свртеа погледите кон небото за да го проследат спектакуларното помрачување на Сонцето.

Во појасот на целосното помрачување Месечината целосно го покри сончевиот диск, создавајќи краткотраен мрак среде бел ден. Во останатите делови од Европа феноменот можеше да се набљудува како делумно помрачување.

Целиот астрономски процес траеше околу два часа, а различни делови од континентот имаа различен поглед кон феноменот.

Во Лондон помрачувањето започна во 18:17 часот по локално време, а во неговата најизразена фаза Месечината покри повеќе од 90 проценти од Сонцето.

На Балканот, вклучително и во Македонија, феноменот беше видлив како делумно помрачување во доцните попладневни и вечерни часови, непосредно пред зајдисонцето. За најдобар поглед беше потребен чист и отворен хоризонт кон запад.

Фотографи и љубители на астрономијата објавија атрактивни кадри од различни делови на Европа, а социјалните мрежи брзо се исполнија со фотографии и видеа од небесниот спектакл.

Експертите во текот на целиот настан предупредуваа дека за време на делумната фаза не смее директно да се гледа во Сонцето без соодветна заштита.

За безбедно набљудување потребни се сертифицирани очила за помрачување или индиректни методи на проекција, бидејќи директното гледање во Сонцето може да предизвика сериозни и трајни оштетувања на видот.

Видео: