Некогаш студиите по компјутерски науки гарантираа добра плата и сигурна кариера, но денес младите инженери масовно остануваат без работа. Огромни отпуштања во технолошкиот сектор и порастот на алатки базирани на вештачка интелигенција значат дека компаниите сè поретко вработуваат човечки програмери.
Податоците од платформата Trueup покажуваат дека секој ден се отпуштаат речиси 600 луѓе од ИТ индустријата. Многу дипломци, и покрај високото образование, се принудени да аплицираат за работа во ресторани за брза храна, а дел не успеваат да добијат ни таква работа.
Пример за тоа е Манаси Мишра, програмерка од Силиконската долина, која по години студии останала без работа и не успеала да добие место ниту во ресторан, што ја натерало да го сподели своето искуство на TikTok, каде видеото станало вирално.
Истражување на NYT покажува дека многу млади ИТ дипломци чувствуваат очај, депресија и разочарување од индустријата. Според Федералната резерва на Њујорк, невработеноста кај дипломираните програмери достигнала 6,1%, а кај компјутерските инженери дури 7,5%, што е повеќе од националниот просек за младите дипломци.
Експертите предупредуваат дека ситуацијата е потешка од онаа по Големата рецесија во 2008 година и дека, сè додека пазарот на труд не се стабилизира и вештачката интелигенција не се интегрира без масовни отпуштања, иднината на младите ИТ кадри останува неизвесна.