ПРВ.мк
Наука/Технологија

Лекари алармираат: Е-цигарите кај младите предизвикуваат сериозни здравствени ризици и зависност

Лекари алармираат: Е-цигарите кај младите предизвикуваат сериозни здравствени ризици и зависност

Кардиолози и научници предупредуваат дека користењето на електронски цигари кај адолесцентите носи сериозни и долгорочни ризици по здравјето. Вејпирањето ги изложува младите на високи дози никотин, токсини и канцерогени материи, кои можат да оштетат мозок и кардиоваскуларен систем.

На годишниот конгрес на Европското здружение за кардиологија во Мадрид беше истакнато дека е-цигарите често содржат повеќе никотин од класичните цигари, што го зголемува ризикот од брза зависност и може да предизвика висок крвен притисок, нарушувања на срцевиот ритам, мозочен удар и срцеви инфаркти. Загревањето на течностите ослободува штетни хемикалии како формалдехид и ацеталдехид, кои го забрзуваат развојот на кардиоваскуларни болести.

Иако се промовираат како побезбедна алтернатива, експертите предупредуваат дека долгорочните последици се непознати, а е-цигарите може да послужат како „влезна врата“ кон класично пушење. Норвешката кардиолог Маја-Лиса Лохен предлага глобална забрана за продажба на е-цигари за заштита на младите.

Escape