ПРВ.мк
Наука/Технологија

НАСА со радикален потег: Кинезите исфрлени од сите американски вселенски програми

НАСА со радикален потег: Кинезите исфрлени од сите американски вселенски програми

НАСА донесе историска одлука – на кинеските државјани, и покрај тоа што имаат важечки американски визи, им е забранет пристап до истражувачките центри, објектите и мрежите на агенцијата. Со ова, сите кои досега работеа како изведувачи или студенти-истражувачи останаа без никакви привилегии и можност за вклучување во програмите на агенцијата.

Одлуката, потврдена на 5 септември, доаѓа во момент кога вселенската трка меѓу САД и Кина се засилува. Вашингтон е сè повеќе загрижен од брзиот напредок на кинеската вселенска програма, која веќе е исклучена од Меѓународната вселенска станица поради американска забрана за размена на податоци.

На сослушување во Сенатот, сенаторот Тед Круз предупреди: „Ако Кина прва воспостави доминација во вселената, тоа ќе биде огромен ризик за Америка. Влоговите никогаш не биле поголеми.“

Оваа забрана е јасен сигнал дека вселенската битка меѓу двете најголеми економии влегува во нова, уште поостра фаза – со Месечината како прва цел.

Escape