ПРВ.мк
Наука/Технологија

Honor Magic V5 пристигнува во златна верзија – ултра тенок дизајн и батерија од 6.100 mAh

Honor Magic V5 пристигнува во златна верзија – ултра тенок дизајн и батерија од 6.100 mAh

Honor наскоро ќе го претстави својот нов премиум флип-телефон Magic V5, кој доаѓа со моќни спецификации, иновативен дизајн и особено впечатлива – целосно златна изведба. Според информациите од Кина, овој модел ќе го наследи Magic V3, додека бројката 4 ќе биде прескокната поради културната чувствителност кон бројот четири во кинеската традиција.

Magic V5 ќе биде достапен во четири бои: црна, бела, златна и „Dunhuang“ – нијанса инспирирана од познатиот кинески град. Враќањето на целосно златниот дизајн предизвикува носталгија, бидејќи ваквите уреди некогаш беа симбол на луксуз и статус.

Меѓу највпечатливите карактеристики е батеријата од 6.100 mAh со поддршка за брзо полнење од 66 W. Очекувањата се дека уредот ќе биде потен од 9 мм, што би го направило најтенкиот преклопен смартфон на пазарот, пред Oppo Find N5.

Во однос на хардверот, се шпекулира дека Magic V5 ќе биде опремен со Snapdragon 8 Gen 3 „Elite“ чип, внатрешен екран од 8 инчи и надворешен дисплеј од 6,45 инчи. Камерата би можела да добие перископски сензор со неверојатни 200 MP, што би го поставило уредот на врвот во својата класа.

Официјалното претставување на Magic V5 се очекува во текот на месецов, а ако сите овие информации се покажат како точни, новиот уред на Honor ќе биде сериозен предизвик за конкуренцијата на пазарот на преклопни телефони.

Сподели го овој напис