ПРВ.мк
Наука/Технологија

Германски стартап планира да го преведе целиот интернет за само 18 дена

Германски стартап планира да го преведе целиот интернет за само 18 дена

Компанијата DeepL од Келн, позната по своите високопрецизни преведувачки алатки, најави амбициозен план – превод на целиот интернет за само 18 дена. Овој подвиг ќе биде возможен благодарение на новата AI инфраструктура базирана на системот DGX SuperPOD, кој содржи 36 Nvidia Grace Blackwell B200 суперчипови по сервер.

Станува збор за една од најмоќните платформи достапни денес, каква што користат само водечките технолошки компании при развој на напредни јазични модели. DeepL, проценет на околу две милијарди долари, со ова се позиционира како сериозен конкурент на Google Translate.

„Целта е да им овозможиме на нашите истражувачи далеку поголема компјутерска моќ за развој на уште пософистицирани модели“, изјави главниот научник на DeepL, Стефан Мескен, за CNBC.

Новата инфраструктура ќе овозможи подобрување и на постојните алатки, како што е DeepL Clarify – иновативен систем што поставува дополнителни прашања за прецизно разбирање на контекстот при превод. „Технички, ова досега не беше можно. Но со новата генерација системи, конечно сме таму. Ваквите чекори напред ги бараме постојано“, додаде Мескен.

Со оваа технологија, DeepL се придвижува кон создавање на преведувачка платформа што може да го покрие секој агол на интернетот – прецизно, брзо и со длабоко разбирање на контекстот.

Сподели го овој напис