ПРВ.мк

Гугл го ажурираше своето лого по речиси една деценија

Гугл го ажурираше своето лого по речиси една деценија
Jumbo Banner

Американската технолошка компанија Гугл по првпат по речиси десет години го ажурираше своето препознатливо лого. Новото „G“ задржува четири бои, но сега тие се спојуваат со мазни премини – црвената преминува во жолта, жолтата во зелена, а зелената во сина, наместо да бидат остро раздвоени како досега.

Ова е прва визуелна промена на логото од септември 2015 година, кога малото „g“ беше заменето со голема буква „G“. Засега, новиот дизајн е забележан само на уредите Pixel од самиот Гугл, како и на iPhone телефони кои го користат iOS оперативниот систем, пренесува порталот The Verge.

Сепак, старата верзија на логото – со јасно разграничени бои – сè уште се користи на веб и на Android уредите, наведуваат технолошки извори.

Оваа промена доаѓа во момент кога позицијата на Гугл на пазарот е благо нарушена, откако Apple објави дека планира да воведе алтернативи базирани на вештачка интелигенција во својот пребарувач Safari. Меѓу најавените опции се Perplexity и ChatGPT, како можни замени за досега доминантниот Google Chrome.

Веста предизвика значајна реакција на финансиските пазари – акциите на Alphabet, матичната компанија на Гугл, паднаа за 7,3 проценти, што резултираше со губиток од приближно 150 милијарди долари во пазарната вредност на компанијата.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран