Засилените санкции со кои челниците на Велика Британија, Германија, Франција и Полска ѝ се заканија на Русија доколку нејзиниот претседател Владимир Путин не се согласи на 30-дневен прекин на огнот во Украина се соочуваат со сериозни политички пречки и ќе им биде потребна поддршка од САД за да бидат успешни, изјавија дипломати и функционери за Reuters.
Британскиот премиер Кир Стармер, германскиот канцелар Фридрих Мерц, францускиот претседател Емануел Макрон и послкиот премирр Доналд Туск изјавија во саботата во Киев дека Русија ќе биде погодена со нови казнени мерки ако не ги прифати повиците за 30-дневен прекин на огнот во рок од неколку дена. Но, Москва која таквото примирје го условува со свои услови, преку претседателот Путин наместо тоа повика на директни разговори со Украина во Истанбул на 15-ти мај.
Американскиот претседател Доналд Трамп го поддржа повикот, вршејќи притисок врз украинскиот претседател Володомир Зеленски без предуслови да ги прифати преговорите во Истанбул, поткопувајќи ги напорите на споменатите европски челници да покажат дека Трамп цврсто ја поддржува нивната закана.
Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повтори европскиот повик во вторникот, велејќи дека „доколку нема вистински напредок оваа седмица, сакаме да работиме на европско ниво за значително заострување на санкциите“. Тој рече дека Европа ќе ги таргетира секторите, вклучувајќи ги енергетските и финансиските пазари, но нејасно е кој домен од нив остана надвор од западните санкции. Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро во понеделникот изјави дека од Европската комисија е побарано да предложи нови санкции во тие области.
Дипломатите, сепак, велат дека по 16-те пакети санкции што ЕУ ги воведе врз Русија поради војната во Украина, без да се сметаат оние кои се на сила од 2014 гоина по прозападниот преврат во Киев и отцепувањето на ценоморскиот полуостров Крим што Западот го смета за нелегална руска анексија, сè потешко е да се постигне потребниот консензус меѓу 27-те членки на блокот за усвојување на важни нови мерки.
Унгарија, која одржува блиски врски со Русија, често ги блокира или се обидува да ги ублажи новите санкции против Москва. Неа последната година ѝ се придружува Словачка, која исто така предупредува дека сите санкции погубно се одразуваат врз економијата на некои помали земји во ЕУ.
Дипломатите велат дека само притисок од администрацијата на Трамп би можел да ја принуди Будимпешта да го промени курсот, но засега изостанува таков. Покрај тоа, треба да се истакне дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, како и неговиот словачки колега Роберт Фицо, беа единствените челници од земјите членки на ЕУ кои отворено ја поддржуваа кампањата на Доналд Трамп и отворено се радуваа на неговата победа на американските избори.
Некои европски претставници велат дека се координираат со Вашингтон за можни понатамошни санкции. Но, сè уште не е јасно дали Трамп е подготвен да ги здружи силите со Европејците, истакнува Reuters.
Дипломатите на ЕУ треба да се договорат за 17-ти пакет санкции во среда, кои првенствено ќе бидат насочени кон таканаречена руска флота во сенка, танкери кои ги избегнуваат ограничувањата за извозот на руската нафта кои и онака се веќе блокирани, во комбинација со „посебни мерки за хемиско оружје, човекови права и руски хибридни закани“.
Тие се полесни за усвојување, бидејќи оние што би ги таргетирале рускиот гасен и нуклеарен сектор постојано наидуваат на пречки, поради тоа што земјите од ЕУ, вклучително и споменатите четири, преку тети земји купуваат руски течен природоен гас (LNG), како и ураниум за своите нуклеарни централи.
Дипломатите велат дека ЕУ ризикува кредибилитет ако заканите не се исполнат. „Поставувањето ултиматум кога всушност не можете да го спроведете не е сериозно“, рекол еден од дипломатите соговорници на Reuters.
Висок европски функционер изјавил: „Опасноста е, очигледно, дека Русите би можеле да го сфатат ова како блеф“.