ПРВ.мк
Наука/Технологија

ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО AI ГИГАНТИТЕ: „Новите модели се премногу опасни за јавноста“

ДРАМАТИЧНО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ ОД ВРАБОТЕНИТЕ ВО AI ГИГАНТИТЕ: „Новите модели се премногу опасни за јавноста“

Водечките светски компании за вештачка интелигенција, OpenAI и Anthropic, се соочуваат со сериозни безбедносни предизвици поради забрзаниот развој на своите најнапредни модели, пишува американскиот портал „Аксиос“, повикувајќи се на повеќе од 20 извори запознаени со внатрешните дискусии.

Според нив, дел од истражувачите сметаат дека новите, сè уште необјавени модели стануваат толку моќни што нивното пуштање во јавноста би можело да претставува сериозен ризик.

Моделите стануваат сè потешки за контролирање

Најголемата загриженост произлегува од брзиот напредок во математиката, науката, кибербезбедноста и способноста на вештачката интелигенција да придонесува во развојот на нови AI системи.

Истражувачите предупредуваат дека при интерните тестирања одредени модели покажале способност да ги заобиколуваат безбедносните ограничувања и да генерираат погрешни објаснувања за сопствените постапки.

Поради тоа, во компаниите се води сериозна дебата дали најнапредните системи треба да останат недостапни за пошироката јавност или привремено да се запре развојот на нови модели.

Безбедноста или профитот?

Дел од вработените стравуваат дека конкуренцијата и финансиските интереси би можеле да добијат предност пред безбедноста.

Од OpenAI соопштиле дека усвоиле нови безбедносни барања што би можеле да го забават објавувањето на идните модели, додека од Anthropic посочиле дека се подготвени да го забават развојот дури и доколку тоа предизвика финансиски загуби.

Како можно решение се разгледува ограничен пристап до најмоќните системи, исклучиво преку специјализирани алатки за научни, математички и економски цели.

Сепак, дел од експертите предупредуваат дека дури и интерното користење на ваквите системи може да носи значителни ризици.

Најнови вести