ПРВ.мк
Наука/Технологија

ДЕНЕОТ ЌЕ ТРАЕ 25 ЧАСА?! Научниците шокирани од најновото откритие за месечината!

ДЕНЕОТ ЌЕ ТРАЕ 25 ЧАСА?! Научниците шокирани од најновото откритие за месечината!

Месечината е константна појава на нашето ноќно небо, но најновите научни сознанија покажуваат дека таму горе ништо не е онака како што изгледа. Научниците открија дека Месечината полека се оддалечува од Земјата, со што целосно се менува сè што мислевме дека знаеме за односот на Сината планета со нејзиниот единствен природен сателит.

Овој феномен има и сосем реално влијание врз должината на деновите на Земјата, иако тоа се случува со неверојатно бавно темпо. Оддалечувајќи се со милиони години, Месечината истовремено го продолжува просечниот ден.

Ден од 25 часа на Земјата

Студијата на тимот од Универзитетот во Висконсин-Медисон, фокусирана на карпи стари околу 90 милиони години, успеа да ги анализира интеракциите меѓу Земјата и Месечината од пред 1,4 милијарди години. Резултатите покажуваат дека Месечината моментално се оддалечува од Земјата со брзина од 3,82 сантиметри годишно.

Тоа значи дека за околу 200 милиони години, денот на Земјата ќе трае точно 25 часа, пишува порталот „Indy100“.

„Како што Месечината се оддалечува, Земјата се однесува како уметнички лизгач кој прави пируета и се забавува во моментот кога ги раширува рацете“, објаснува Стивен Мејерс, професор по геонаука на Универзитетот Висконсин-Медисон.

Скриени структури и милијарди години лунарна историја

Ова не е единствената приказна која деновиве го менува нашето разбирање за вселената. Благодарение на кинеската вселенска програма и роверот „Чанг'е 4“ (кој во 2019 година за првпат слета на темната страна на Месечината), научниците за првпат успеаја да ги визуелизираат горните 300 метарски слоеви на лунарната површина.

Резултатите објавени во научниот журнал „Journal of Geophysical Research: Planets“ откриваат фасцинантни детали:

  • Првите 40 метри: Составени се од повеќе слоеви прашина, земја и скршени карпи.
  • Скриен кратер: Во внатрешноста е откриен антички кратер настанат од удар на огромен објект.
  • Пет слоеви лава: Под површинскиот слој се пронајдени пет различни слоеви од лунарна лава која се излевала пред милијарди години.

Вулканската активност полека згаснала

Експертите веруваат дека Месечината настанала пред 4,51 милијарди години кога објект со големина на Марс удри во Земјата и откинал парче од неа. Податоците од кинескиот ровер покажуваат дека вулканските карпи стануваат сè потенки како што се поблиску до површината.

„Месечината полека се ладела и останувала без пареа во подоцнежната вулканска фаза. Нејзината енергија ослабнала со текот на времето“, вели Џианкинг Фенг, водечки автор на студијата од Институтот за планетарни науки во Аризона.

Иако вулканската активност на Месечината згаснала пред речиси 100 милиони години и таа денес се смета за „геолошки мртва“, научниците сугерираат дека сè уште може да има резерви на магма закопани длабоко во нејзината внатрешност.

Во меѓувреме, трката за Месечината се засилува откако и индиската летала „Чандрајан-3“ успешно слета на нејзиниот јужен пол, додека руската сонда доживеа неуспех и се урна на површината, оставајќи нов кратер широк 10 метри.

Најнови вести