Научниците тврдат дека автономната хирургија, каде роботи обучени со вештачка интелигенција изведуваат сложени операции без човечка интервенција, би можела да се тестира на луѓе за една деценија. Во најновото истражување, роботски систем успешно отстрани жолчни меури од свињи со 100% стапка на успех, користејќи органи од мртви животни.
Роботите се обучени преку анализа на видеа од човечки хирурзи и се способни да манипулираат со сложени меки ткива, како жолчното кесе, со прецизност и прилагодување во текот на операцијата. Оваа технологија се базира на невронски мрежи слични на оние што ги користат современите АИ алатки како ChatGPT.
Според експертите, овој напредок може да донесе репликација на вештините на најдобрите хирурзи на глобално ниво, што би го направило здравството поефикасно и достапно. Денес, повеќето роботски операции во Велика Британија се под човечки надзор, но во иднина повеќето хируршки зафати ќе можат да ги изведуваат автономни роботи.
Ова отвора прашања дали би се осмелиле да му доверите живот на роботски хирург, но според најавите, тоа е иднината која наскоро ќе стане реалност.