ПРВ.мк
Наука/Технологија

АВТОМОБИЛ КОЈ ЈА МЕМНУВА ИГРАТА - Новиот Audi Q3 со дизајн и перформанси што привлекуваат внимание!

АВТОМОБИЛ КОЈ ЈА МЕМНУВА ИГРАТА - Новиот Audi Q3 со дизајн и перформанси што привлекуваат внимание!

Audi ја претстави новата генерација на моделот Q3, кој пристигнува со значајни технолошки и дизајнерски унапредувања и уште еднаш ја потврдува својата позиција како еден од најпродаваните SUV модели во понудата на германскиот производител.

Новиот Q3 е поставен на модуларната MQB платформа и со должина од приближно 4,5 метри нуди поголема просторност, подобрена удобност и подобра искористеност на внатрешниот простор. Производителот и овој пат останува доследен на премиум пристапот, комбинирајќи квалитетна изработка со современи технолошки решенија.

Една од најзабележливите промени е целосно новиот светлосен дизајн. Возилото добива дигитални матрични LED светла кои користат илјадници микро-LED диоди, со што се обезбедува попрецизно осветлување на патот и зголемена безбедност при ноќно возење. Задниот дел е опремен со модерни OLED светла, а за првпат кај овој модел е осветлено и логото на Audi, што дополнително ја нагласува визуелната препознатливост.

Во внатрешноста доминираат дигиталниот инструмент-панел од 11,9 инчи и централен инфозабавен екран од 12,8 инчи, кој работи на Android Automotive систем. Кабината е значително подобрена во однос на претходната генерација, со поголем акцент на квалитет на материјали, ергономија и технолошка интеграција.

Новина во ентериерот е и новата позиција на рачката на менувачот, која сега е сместена зад управувачот, со што се ослободува дополнителен простор и се добива почист и помодерен дизајн на централната конзола.

Во тест-верзијата, возилото е опремено со 2,0-литарски TDI дизел мотор со 150 коњски сили и автоматски S tronic менувач. Моторот се одликува со ниска потрошувачка и тивка работа, со просек од околу 6 литри на 100 километри.

Перформансите вклучуваат забрзување од 0 до 100 km/h за 9,2 секунди, додека максималната брзина достигнува 207 km/h.

Практичноста останува една од силните страни на моделот, со багажен простор од 488 литри, кој може да се зголеми до 1.386 литри при преклопување на задните седишта, што го прави погоден за семејна и секојдневна употреба.

Новата генерација на Audi Q3 на хрватскиот пазар започнува од 46.488 евра, додека поопремените верзии достигнуваат и над 60.000 евра.