ПРВ.мк
Наука/Технологија

Вистина или мит: Дали стресот навистина предизвикува рак? - Научниците го дадоа оговорот!

Вистина или мит: Дали стресот навистина предизвикува рак? - Научниците го дадоа оговорот!
Escape

Сè повеќе луѓе се прашуваат дали долготрајниот стрес може да доведе до рак – особено по трауматични животни настани како несреќи, развод или загуба на блиски. Иако науката сè уште нема дефинитивен одговор, најновите истражувања сугерираат дека стресот може да игра значајна улога.

Студиите покажуваат дека хормоните на стрес – како кортизолот – можат да го ослабнат имунитетот и да предизвикаат оштетувања на клеточно ниво. Некои научници, како професорката Мелани Флинт, веруваат дека стресот може да придонесе за развој и ширење на рак, иако не е директна причина.

Истражување спроведено во Финска на 10.000 жени покажа дека оние кои доживеале длабока тага имале зголемен ризик од рак на дојка. Но, други студии не ја потврдуваат оваа поврзаност, укажувајќи дека факторите како пушење, алкохол и лоша исхрана често одат заедно со стресот – па тешко е да се оддели вистинската причина.

Науката сè уште истражува, но едно е сигурно: хроничниот стрес има реални последици по здравјето. Иако не може со сигурност да се каже дека предизвикува рак, тој дефинитивно не треба да се игнорира.

Mia Home Mavrovo