ПРВ.мк
Македонија

Жена во Кисела Вода чистела стара куќа и пронашла опасно изненадување

Жена во Кисела Вода чистела стара куќа и пронашла опасно изненадување

65-годишна жена од Скопје при чистење на стара напуштена куќа во населбата Кисела Вода, што ѝ припаѓала на нејзините родители, наишла на две сомнителни лименки завиткани со селотејп. На нив бил испишан натпис „топовски удар“, а забележани биле и фитили прикачени на уредите.

Настанот се случил на 15 октомври, кога жената веднаш го пријавила случајот во полиција. Екипи на МВР излегле на терен и ги подигнале предметите за понатамошна анализа.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат сите потребни мерки за целосно расчистување на случајот. Засега не е познато од кога се наоѓале експлозивните направи во куќата, ниту дали постои опасност од нивна употреба.

Истражувањето продолжува.

Escape