Според податоците со кои располага Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 14 часот и 4 минути беше почувствуван земјотрес чиј епицентар потекнува од епицентралното подрачје Преспа, на околу 127 км југозападно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.Земјотресот е почувствуван во југозападните делови на Републиката, од жителите на градот Битола и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, објави 4news.mk За потребите на сеизмолошките истражувања, доколку сте го почувствувале земјотресот, Ве молиме јавете се на 112.
Македонија
Земјотрес во Македонија, еве каде беше епицентарот










