ПРВ.мк
Македонија

Затвореници од Битола помагаат во чистење и уредување на патиштата

Затвореници од Битола помагаат во чистење и уредување на патиштата
Kristal

Во рамките на Меморандумот за соработка со Управата за извршување на санкции, денес започна првиот заеднички ангажман на лица од КПУ Затвор – Битола. Затворениците активно учествуваат во чистење и уредување на просторот покрај магистралниот пат.

„Ова претставува значаен чекор кон подигање на јавната свест, одржување на чиста животна средина, како и кон унапредување на соработката меѓу институциите. Во наредниот период, планираме во активностите да бидат вклучени и лица од останатите КПУ и КПД, со што ќе ја прошириме и интензивираме оваа корисна практика“, истакнуваат надлежните.

Тие додаваат дека со заедничка работа и континуирана поддршка, се очекуваат уште подобри резултати и почиста околина. Ова е само почеток на партнерската соработка, која ќе продолжи да се развива и во иднина.

Escape