ПРВ.мк
Македонија

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово - Полицијата веќе презема потребни мерки

Затруено четиригодишно дете донесено во болница во Куманово - Полицијата веќе презема потребни мерки

Во Куманово повторно е регистриран случај на труење кај дете. Четиригодишно дете било донесено во Општата болница во Куманово, при што медицинскиот персонал пријавил случајот до полицијата.

Според информации од СВР Куманово, пријавата била поднесена вчера во 22:42 часот. Детето е прегледано и примено на натамошна медицинска нега.

Полицијата веќе презема сите потребни мерки за расчистување на случајот и утврдување на причините за труењето. Истражните активности се во тек.

Escape