ПРВ.мк
Македонија

Започна отстранувањето на 20 склоно-падни и опасни објекти во Кавадарци

Започна отстранувањето на 20 склоно-падни и опасни објекти во Кавадарци

Во Кавадарци од денеска започна реализацијата на акцијата за отстранување на 20 склоно-падни и дотраени објекти кои со години претставуваа потенцијална опасност за безбедноста на минувачите и околните жители.

Со поддршка на Општина Кавадарци и јавните комунални претпријатија, овие објекти ќе бидат урнати во текот на следниот период. Основната цел на оваа активност е елиминирање на ризиците од евентуални уривања, како и обезбедување побезбедна, поуредена и поурбана животна средина во сите делови од градот.

Од локалната самоуправа во Кавадарци посочуваат дека ова е уште еден конкретен чекор кон решавање на долгогодишните комунални и просторни проблеми, нагласувајќи дека безбедноста на граѓаните останува еден од основните приоритети во нивното работење.