Во Скопје во текот на ноќта биле приведени три млади лица, меѓу кои и две малолетни лица на возраст од 13 и 17 години, откако полицијата кај нив пронашла недозволени супстанции.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од СВР Скопје интервенирале на различни локации во главниот град во текот на 21 и 22 август.
Од слобода биле лишени 13-годишник и 17-годишник од Скопје, како и 19-годишно лице од Струга.
При полициските контроли кај нив биле пронајдени и одземени тврда кафеава материја и марихуана.
Од МВР не соопштуваат дополнителни детали за количината на пронајдените супстанции, ниту за точните локации на кои биле извршени интервенциите.
Полицијата најавува дека по целосното документирање на одделните случаи ќе бидат поднесени







