Екипите на Ј.П. „Комуналец“ – Кавадарци деновиве интензивно работат на терен на чистење и уредување на речното корито на реката Луда Мара.
Главната цел на оваа акција е целосно отстранување на насобраниот отпад, со што речното корито ќе стане почисто, поубаво и значително побезбедно од потенцијални поплави или загадувања.
Од јавното претпријатие потсетуваат дека одржувањето на здрава и чиста животна средина е заедничка одговорност на сите жители. Поради тоа, упатуваат посебен апел до сите граѓани да покажат совесност и да не фрлаат отпад во реката или покрај нејзините брегови.
Со малку поголема лична одговорност и грижа за природата, Луда Мара може да остане украс на Кавадарци – бидејќи чистотата почнува од секој од нас.
