ПРВ.мк
Македонија

ВОЗЕЛА РЕЧИСИ ТРИПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50!

ВОЗЕЛА РЕЧИСИ ТРИПАТИ НАД ДОЗВОЛЕНОТО: Македонската полиција фати жена како „лета” со 142 км/ч каде што е дозволено 50!

Дваесет и четиригодишна жена од ресенското село Подмочани е лишена од слобода откако полицијата ја фатила како вози со брзина од 142 километри на час на делница каде што е дозволено движење со најмногу 50 километри на час.

Случајот бил откриен на 19 октомври, околу 14:30 часот, за време на сообраќајна контрола со радар на регионалниот пат во близина на селото Рајца. Жената управувала автомобил „ауди“ со ресенски регистарски ознаки, а радарот измерил брзина од 142 километри на час, што е речиси трипати повеќе од дозволената.

По насоки на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Ресен, возилото било одземено.

Од полицијата информираат дека, по целосното документирање на случајот, против 24-годишната жена ќе биде поднесена кривична пријава за „безобѕирно управување со моторно возило“, согласно член 297-а од Кривичниот законик.