ПРВ.мк
Македонија

ВАЖЕН АПЕЛ ДО КАВАДАРЧАНИ: Не фрлајте градежен и комунален отпад во контејнерите за текстил!

ВАЖЕН АПЕЛ ДО КАВАДАРЧАНИ: Не фрлајте градежен и комунален отпад во контејнерите за текстил!

Општина Кавадарци, во соработка со „Еко Текст Груп“, ги продолжува редовните активности за организирано собирање и соодветно управување со текстилниот отпад на својата територија.

Во рамки на оваа акција се врши организирано празнење и собирање на отпадот од специјално поставените контејнери за текстил. Главната цел е негово правилно третирање, рециклирање и значително намалување на загадувањето на животната средина.

Од Општина Кавадарци упатуваат апел до сите граѓани за поголема еколошка свест и правилно користење на наменските садови:

„Апелираме до сите граѓани совесно и правилно да ги користат контејнерите за селекција на отпад. Во контејнерите наменети за текстил треба да се одлага исклучиво текстилен отпад, а никако комунален, градежен или друг вид отпад.“

Со одговорно однесување, правилна селекција и одржување на редот околу контејнерите, сите заедно придонесуваме за почиста, поздрава и подобро уредена општина.