ПРВ.мк
Македонија

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ВО КОЧАНИ: „Државата е тука за повредените – обезбедуваме континуирана поддршка и третман!“

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗДРАВСТВО ВО КОЧАНИ: „Државата е тука за повредените – обезбедуваме континуирана поддршка и третман!“

Министерството за здравство продолжува со својата континуирана грижа и поддршка за повредените лица во трагедијата што го погоди Кочани, со порака дека помошта од државата нема да биде кракротрајна, туку долгорочна.

На одржаната средба со повредените граѓани во Кочани, од страна на здравствените власти детално беа разгледани нивната тековна здравствена состојба, потребите за рехабилитација, како и понатамошниот медицински третман.

Целта на овие директни средби е медицинската грижа и поддршката да бидат целосно прилагодени на индивидуалните потреби на секој пациент одделно.

„Државата е тука – не само денес, туку и на долги стази. Обезбедуваме соодветна нега за секој пациент, секој ден“, порачуваат од Министерството за здравство.