На автопатот Кичево–Охрид од денеска стапува во сила привремена измена на сообраќајниот режим, поради што возачите што се движат на оваа делница треба да бидат внимателни.
Како што информираат од Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ), измената се однесува на потегот меѓу Пресека и Песочан, кај клучката Арбиново, каде што ќе се изведуваат работи за санација на левиот коловоз.
Од АМСМ посочуваат дека на останатите државни патишта сообраќајот се одвива непречено, а коловозите се претежно суви.
Интензитетот на сообраќајот надвор од населените места е умерен, додека на граничните премини од македонска страна засега нема подолги задржувања.





