ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕМEЈНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Ја застрелал партнерката, па си пресудил самиот себе!

СЕМEЈНА ТРАГЕДИЈА ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Ја застрелал партнерката, па си пресудил самиот себе!

Во населбата Бјелиши во Бар, Црна Гора, вчера се случи тешка семејна трагедија во која животот го загубија две лица.

Според првичните информации од полицијата, маж идентификуван со иницијалите З.С. со огнено оружје ја усмртил својата партнерка, по што извршил самоубиство.

На местото на настанот веднаш излегле екипи на црногорската полиција и брза помош, кои можeле само да констатираат смрт кај двајцата сопружници, односно партнери.

Увид извршиле дежурниот обвинител и форензичките тимови, а по завршувањето на истражните дејствија се очекуваат повеќе детали за мотивите што довеле до овој чин.

Најнови вести