ПРВ.мк
Македонија

Вонреден извештај: Дури половина од болните и немоќните лица веќе го остварија правото на глас на овие локални избори

Вонреден извештај: Дури половина од болните и немоќните лица веќе го остварија правото на глас на овие локални избори

Непречено и без проблеми се спроведува гласањето на болните, немоќните лица, како и на оние кои се на издржување казна затвор или во притвор, соопшти попладнево Државната изборна комисија (ДИК).

Според ДИК, до 15:30 часот од вкупно 8.848 болни или немоќни лица кои имаат право да гласаат на овие локални избори, своето право го оствариле 5.385 лица.

Од 2.162 лица кои се на издржување казна затвор или се во притвор, гласале 810.

Во установите за вонсемејна грижа, од 442 лица сместени во овие установи, до 15:30 часот гласале 135 лица.

ДИК истакнува дека процесот се одвива непречено, без недоследности, и сите лица кои имаат право на глас ќе можат да го остварат тоа според пропишаните процедури.

Escape