ПРВ.мк
Македонија

Во духот на верата и традицијата: Во Кавадарци одбележан големиот празник Преображение Христово

Во духот на верата и традицијата: Во Кавадарци одбележан големиот празник Преображение Христово

Во рамки на манифестацијата „Кавадаречко културно лето“, во автентичниот и прекрасен амбиент на Винскиот музеј за регионот Тиквеш, свечено беше одбележан еден од најголемите христијански празници – Преображение Христово.

Настанот помина во прекрасна празнична атмосфера исполнета со дружење, меѓусебна почит и негување на вековните традиции. Со овој настан уште еднаш се потврди дека „Кавадаречкото културно лето“ претставува значајна точка каде што се вкрстуваат верата, културата и богатото културно-историско наследство на целата Тиквешија.

Организаторите упатија јавна благодарност до сите сограѓани и посетители кои беа дел од ова убаво празнично одбележување и придонесоа за зачувување на духовните вредности.