Според првичните податоци што вечерва ги објави ВМРО-ДПМНЕ, кандидатите на партијата водат во повеќе општини во вториот круг од локалните избори, вклучително и во трката за градоначалник на Град Скопје.
Во Скопје, според партиските извори, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски освоил 34.734 гласа, додека кандидатот на Левица Амар Мециновиќ добил 16.835 гласа.
Водства по општини според партиските резултати:
- Аеродром: Дејан Митески (ВМРО-ДПМНЕ) – 4.130 гласа Александар Трајановски – 1.560 гласа
- Карпош: Сотир Лукровски (ВМРО-ДПМНЕ) – 4.750 гласа Стевче Јакимовски – 3.914 гласа
- Дојран: Илија Тентов (ВМРО-ДПМНЕ) – 806 гласа Ристо Џинев – 406 гласа
- Кочани: Влатко Грозданов (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.754 гласа Венко Кртевски (Група избирачи) – 891 глас
- Чучер-Сандево: Зоран Бајовски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.020 гласа Сашко Комненовиќ (СДСМ) – 610 гласа
- Долнени: Сашко Велјаноски (ВМРО-ДПМНЕ) – 1.414 гласа Блерим Ислјами (коалиција ВЛЕН) – 502 гласа
Според партиските извори, ВМРО-ДПМНЕ води во најмалку седум општини, како и во Град Скопје, каде што разликата е значителна.
Од партијата најавуваат дека очекуваат потврда на резултатите од Државната изборна комисија (ДИК), но веќе изразуваат уверување дека „граѓаните масовно ја поддржале промената и ја избрале новата локална политика“.
Официјалните резултати се очекуваат во текот на вечерта по обработката на сите избирачки места.
















