Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и лидер на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, е итно пренесен во болница по влошување на неговата здравствена состојба, објавија повеќе домашни медиуми.
Според информациите што ги пренесуваат 24инфо и 4news.mk, причина за хоспитализацијата е влошување на постоперативна инфекција, поради што била неопходна лекарска интервенција и продолжување на третманот во болнички услови.
Во моментов нема официјално соопштение за неговата актуелна здравствена состојба, ниту дополнителни информации за понатамошниот тек на лекувањето.
Јакимовски од средината на јули ја издржува затворската казна во Затвор Скопје.
Во јавноста претходно отворено зборуваше за својата здравствена состојба и за редовните онколошки третмани на кои е подложен.
Повеќе информации за неговата состојба се очекуваат по официјално соопштение од надлежните институции или од неговото семејство.








