Појавувањето на Душко Тошиќ на неодамнешниот настап на неговата поранешна сопруга Јелена Карлеуша предизвика бројни шпекулации дека поранешната двојка можеби повторно се зближува.
Карлеуша настапуваше во познат клуб на Ушќе, а меѓу присутните бил и Тошиќ. Неговото присуство веднаш го привлече вниманието на јавноста и повторно ги отвори прашањата за нивниот однос по разделбата.
Сепак, Јелена реши да стави крај на шпекулациите и објасни дека зад нивниот подобар однос не стои романтично помирување.
Таа потврди дека со Душко во моментов имаат коректен однос, пред сè поради нивните две ќерки.
Карлеуша посочи дека пред семејството се два важни моменти – 18. роденден на нивната ќерка Атина и 17. роденден на Ника, поради што смета дека децата заслужуваат нивните родители да бидат во добри односи.
„Тоа е поради децата кои заслужуваат родителите да им бидат во добри односи. Тоа е сè и ништо повеќе од тоа, не се муваме“, порача Карлеуша.
Со ова таа практично ги демантираше гласините за обновување на љубовната врска, објаснувајќи дека нивното зближување е поврзано со семејството и заедничките родителски обврски.









