ПРВ.мк
Македонија

Влегле како „пациенти“, излегле како осомничени: Велешани фатени по кражба во здравствена установа

Влегле како „пациенти“, излегле како осомничени: Велешани фатени по кражба во здравствена установа
Kristal

Двајца жители на Велес завршија во полициска станица откако беа откриени како сторители на кражба во просторија што ја користат вработени од здравствена установа во градот.

Инцидентот се случил вчера околу 14:15 часот, кога полициски службеници ги лишиле од слобода Д.А. (36) и Ѓ.Д. (40), двајцата од Велес. Според информациите од СВР Велес, осомничените искористиле момент на невнимание и одзеле два паричници кои припаѓале на две вработени, на возраст од 53 и 34 години.

Во паричниците имало готовина, платежни картички и лични документи. Но, тука не завршила нивната намера. Набргу по кражбата, осомничените се обиделе да подигнат пари од банкомати користејќи ги украдените картички, а едниот од нив, според полицијата, успеал да изврши и неколку плаќања во продажни објекти низ Велес.

Со брза реакција на полицијата, дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на сопственичките. Двајцата велешани биле приведени и задржани во полициска станица, а за случајот бил известен надлежен јавен обвинител.

По целосното документирање на настанот, против осомничените ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Надлежните апелираат до граѓаните да внимаваат на личните предмети, особено на работните места со зголемена фреквенција на луѓе.

FixCredit
Escape