ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) РЕДОК СПЕКТАКЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Џиновски Боинг 777 пристигна во Македонија и ги воодушеви љубителите на авијацијата!

(ВИДЕО) РЕДОК СПЕКТАКЛ НА СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ: Џиновски Боинг 777 пристигна во Македонија и ги воодушеви љубителите на авијацијата!

Скопскиот аеродром беше сведок на несекојдневна глетка која ретко може да се види на македонското небо. Огромниот патнички авион Боинг 777, еден од најголемите авиони во светот, слета во Скопје и веднаш го привлече вниманието на присутните.

Гигантското летало пристигна во Македонија како дел од официјалната посета на индиската претседателка Друпади Мурму, која престојуваше во земјава во рамки на нејзината дводневна дипломатска посета.

Боингот 777 е познат како најголемиот двомоторен широкотрупен патнички авион во светот и токму поради својата големина и моќност, неговото појавување на скопскиот аеродром е вистинска реткост.

Необичната глетка не остана незабележана. Вработени на аеродромот, патници и љубители на авијацијата со големо внимание го следеа пристигнувањето на леталото, а фотографии и видеа од авионот веднаш почнаа да се споделуваат на социјалните мрежи.

„Еден од најретките посетители на Скопје! Боинг 777 кој ја превезува претседателката на Индија ја искористи целата должина на пистата пред импресивното полетување“, стои во објавата на Инстаграм профилот „aviosnapper“, каде беше споделено видео од авионот.

Овој тип авион најчесто се користи за долги интерконтинентални летови и може да превезува стотици патници, поради што неговото слетување на помали аеродроми како скопскиот претставува посебен настан за љубителите на авијацијата.

Пристигнувањето на Боингот 777 уште еднаш покажа дека и македонските аеродроми можат да бидат домаќини на најголемите светски летала, особено кога станува збор за посети на високи државни претставници.

ВИДЕО