ПРВ.мк
Македонија

(ВИДЕО) ДИВЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС: Полицијата експресно го пронајде и го уапси 23-годишникот!

(ВИДЕО) ДИВЕЕЛ СО МОТОЦИКЛ НА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ ВО ВЕЛЕС: Полицијата експресно го пронајде и го уапси 23-годишникот!

Млад велешанец заврши во полициска станица откако со мотоцикл без регистарски таблички возел низ детско игралиште во Велес, додека на локацијата имало деца. Инцидентот, кој беше снимен и објавен на социјалните мрежи, предизвика бурни реакции кај јавноста, а полицијата брзо го идентификуваше и го приведе возачот.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 јули 2026 година, околу 00:40 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода С.Ќ. (23) од Велес, постапувајќи по претходна пријава и видеото кое се ширеше на социјалните мрежи.

Со проверките било утврдено дека мотоциклот немал регистарски ознаки, а дополнително било констатирано дека 23-годишникот управувал со возилото без да има стекнато право за управување, односно без возачка дозвола.

За случајот бил известен јавен обвинител, а мотоциклот е одземен од полицијата.

По целосното документирање на настанот, против осомничениот ќе бидат поднесени соодветни пријави согласно законот.

ВИДЕО