ПРВ.мк
Македонија

СУДИР НА ЛОКОМОТИВИ ВО ВЕЛЕС: Повреден 27-годишен машиновозач!

СУДИР НА ЛОКОМОТИВИ ВО ВЕЛЕС: Повреден 27-годишен машиновозач!

Несреќа на железничката пруга се случила во раните утрински часови во Велес, каде што при маневрирање дошло до судир на две локомотиви. Во инцидентот е повреден 27-годишен машиновозач, кој бил пренесен во болница.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 16 јули 2026 година околу 04:00 часот, од Ургентниот центар при ЈЗУ „Општа болница“ – Велес било пријавено дека кај нив со телесна повреда е донесен Т.Р. (27) од Велес.

Според првичните информации, несреќата се случила околу 03:00 часот, пред Железничката станица во Велес, за време на преместување на влечни локомотиви од еден на друг колосек.

Во текот на маневрирањето, една локомотива удрила во друга која била паркирана. Во паркираната локомотива се наоѓал машиновозачот Т.Р., кој при судирот се здобил со телесна повреда и бил пренесен на лекарски преглед.

„Околу 03:00 часот пред Железничката станица Велес, при преместување на влечните локомотиви од еден на друг колосек, една локомотива удрила во друга паркирана локомотива, во која се наоѓал машиновозачот Т.Р., кој притоа се здобил со телесна повреда“, соопштија од МВР.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Велес, а надлежните институции преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на причините што довеле до судирот.