ПРВ.мк
Македонија

ХУМАН ГЕСТ: Кавадарци повторно ги отвори вратите за децата од Украина – 10 дена одмор и дружење во Михајлово!

ХУМАН ГЕСТ: Кавадарци повторно ги отвори вратите за децата од Украина – 10 дена одмор и дружење во Михајлово!

Општина Кавадарци и компанијата „Кожувчанка“ на децата од најпогодените воени подрачја им овозможија богата програма исполнета со спортски, културни и едукативни содржини.

Синоќа во Кавадарци пристигна група деца на возраст од 10 до 16 години кои доаѓаат од најпогодените воени подрачја во Украина. Во текот на наредните 10 дена, тие ќе престојуваат во детското одморалиште Михајлово, каде што ќе имаат можност да се одморат и да се оттргнат од военото секојдневие.

За нив е подготвена богата и разновидна програма исполнета со:

  • Спортски активности и рекреација,
  • Културни настани и едукативни содржини,
  • Излети, прошетки и дружења со нивните врсници.

Главната цел на овој престој е децата да поминат квалитетно време во мирна средина, да стекнат нови пријателства и да создадат убави спомени кои ќе ги носат со себе во Украина.

Заедничка поддршка за хумана кауза Овој хуманитарен престој е овозможен со силна поддршка на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев, а целосно е финансиски и логистички поддржан од компанијата „Кожувчанка“. Со овој гест, компанијата и оваа година ја потврдува својата висока општествена одговорност и хуманост на дело.

Во реализацијата на десетдневната програма ќе бидат вклучени и повеќе локални институции, спортски клубови и невладини организации од општината. Сите тие заеднички ќе придонесат престојот на децата од Украина да биде исполнет со креативни содржини, топло гостопримство и позитивни искуства.