Вонреден инцидент е забележан за време на викендот на јужната плажа во градот Бург, на германскиот остров Феман, кога дури 273 лица побарале лекарска помош по убод од медузи. Германските спасувачки служби издадоа итно предупредување поради појавата на таканаречените „огнени медузи“, кои го преплавија Балтичкото Море на 11 и 12 јули. Невообичаено високите температури на воздухот и водата предизвикаа овие суштества да стигнат до брегот значително порано од вообичаено.
Откриена нова смртоносна видови медуза: Речиси е невидлива, а нејзиниот отров може да доведе до смртен исход за само неколку минути
ТУРИСТИТЕ ВО ГРЦИЈА ВО ПАНИКА: Опасни виолетови МЕДУЗИ го преплавија морето – ако ве УБОДАТ, ова никако не го правете
Портпаролката на Германското здружение за спасување на вода (DLRG) потврди за новинската агенција DPA дека надпросечно топлото време и раниот топлотен бран директно придонеле за предвремената појава на медузите во плитките делови на популарните излетишта.
Мали, невидливи и непријатни: Капачите масовно бараа помош од спасувачите
Како резултат на оваа природна појава, огромен број посетители на плажата на Феман дошле во контакт со медузите, поради што спасувачките екипи имале полни раце работа. Според пишувањето на дневниот весник „Либекер Нахрихтен“, дури 273 лица биле третирани поради изгореници и алергиски реакции на кожата.
Експертите истакнуваат дека поединечни примероци од медузите кои се појавиле на Феман се исклучително мали и речиси невидливи во водата, што го отежнува нивното избегнување. Кристин Карагац од огранокот на DLRG за Шлезвиг-Холштајн нагласи дека, и покрај непријатноста, овие медузи не претставуваат сериозна здравствена закана по животот на капачите. Според официјалните податоци од централата на оваа организација, ниту една друга плажа на германскиот брег не пријавила ни приближно толкав број на убоди како Феман.
Прва помош при убод: Што да се прави, а што никако да не се обидувате
За среќа, повредите што ги претрпеле капачите биле од полесна природа. Поголемиот дел од нив по укажаната прва помош се вратиле во вода, а од DLRG додаваат дека инцидентот не го расипал летниот амбиент на посетителите.
Спасувачките служби ги издадоа и официјалните препораки за постапување во случај на убод од медуза:
- На изгореното место веднаш треба да се нанесе пена за бричење;
- Пената треба да се остави да делува неколку минути, а потоа нежно да се заструга со дрвена шпатула (или со пластична картичка);
- Строго е забрането плакнење на кожата со слатка вода, бидејќи тоа ги активира преостанатите жаришни клетки и го засилува болката и лачењето на отровот.







