ПРВ.мк
Македонија

ВЕЧНА ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ: Кочани ќе добие патека на бесконечност - еве како ќе изгледа!

ВЕЧНА ПОЧИТ ЗА ЖРТВИТЕ: Кочани ќе добие патека на бесконечност - еве како ќе изгледа!
Kristal

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја усвои иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за 63 ангели“, кое ќе биде посветено на 63-те жртви од пожарот во дискотеката „Пулс“.

Предлогот беше поддржан со 19 гласа „за“ и е резултат на иницијативата на Здружението „16 март 2025 Кочани“.

Според усвоениот план, спомен-обележјето ќе биде лоцирано во Стариот парк, во централното градско подрачје, помеѓу улиците „Браќа Ставреви“ и „Кеј на Револуцијата“.

Градоначалникот Влатко Грозданов е овластен да формира работно тело по брза постапка, со цел проектот да биде завршен до 16 март, кога ќе се одбележи една година од трагичниот настан во дискотеката „Пулс“.

Оваа одлука ја потврдува посветеноста на локалната самоуправа да ги оддаде почит на загинатите и да овозможи достоинствено меморијално обележје кое ќе ги почитува споменот и чувствата на семејствата на жртвите.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo