ПРВ.мк
Македонија

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Поради одржување на настан ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градскиот парк!

ВАЖНА ИНФОРМАЦИЈА: Поради одржување на настан ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градскиот парк!

Општина Велес информира дека на 04 април (сабота) ќе биде воведена привремена забрана за сообраќај во Градски парк, Велес. Забраната ќе важи во периодот од 10:00 до 15:00 часот, поради одржување на специјален настан во паркот.

Настанот, кој ќе се реализира од 11:00 до 14:30 часот, ќе вклучува презентација на воена опрема, борбени возила и боречки вештини на припадниците на армијата. Презентацијата е по повод 4 Април – Денот на НАТО, Денот на 1 Пешадиска бригада и 15 Април – Денот на Командата за обука и доктрини.

Организатори на настанот се Командата за обука и доктрини и Касарната „Алексо Демниевски Бауман“.

Општина Велес апелира до граѓаните да ги почитуваат поставените сообраќајни знаци и инструкциите од службените лица на терен за непречено и безбедно одвивање на настанот.

Ви благодариме за разбирањето и соработката.