ПРВ.мк
Македонија

Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител

Ленче Ристоска поднесе оставка од функцијата јавен обвинител

Обвинителката Ленче Ристоска денеска ја поднесе оставката на функцијата Јавен обвинител до архивата на Советот на јавни обвинители.

Причина за оставката, како што објасни Ристоска, е одземањето на предметите за висока корупција „Талир 1“ и „Талир 2“, поврзани со ВМРО-ДПМНЕ.

„Последните одлуки на Советот на јавни обвинители и на новиот Државен јавен обвинител многу се штети на позицијата на Јавното обвинителство и се спротивни на сите принципи за кои се борам. Одземањето на предметите беше кулминација. Веднаш кажав дека таквото однесување е неприфатливо и за мене значи оставка“, изјави Ристоска.

Таа нагласи дека промена на обвинителот на предметот „Талир 2“ ќе доведе до враќање на судењето од почеток и најверојатно до застарување на предметот.

Ристоска беше под силен јавен притисок и мобинг од Советот на јавни обвинители, како и од ВМРО-ДПМНЕ, а во изминативе години застапуваше обвиненија за висока корупција кои директно се однесуваат на финансиските активности на претходното раководство на партијата.

Обвинителката додаде дека сега ќе ја раскаже својата приказна на јавноста и размислува како да продолжи професионално, верувајќи дека однадвор ќе може да даде поголем придонес отколку од внатре.