ПРВ.мк
Македонија

СКАНДАЛ ШТО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Голема полициска акција за детска порнографија – под истрага и познат водител!

СКАНДАЛ ШТО ЈА ТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Голема полициска акција за детска порнографија – под истрага и познат водител!

Секторот за компјутерски криминал при БЈБ во рамки на Министерството за внатрешни работи спроведува обемна и координирана акција на територијата на Република Северна Македонија, насочена кон сузбивање на сериозни кривични дела поврзани со злоупотреба на деца преку интернет.

Акцијата се реализира во соработка со одделенијата за компјутерски криминал при СВР Битола, СВР Охрид и СВР Струмица, при што се вршат претреси на вкупно седум различни локации низ државата. Целта е обезбедување на докази за кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“, предвидено и санкционирано со член 193-а од Кривичниот законик.

Во текот на претресите се одземаат компјутерски уреди, дигитални носачи и други електронски податоци, кои ќе бидат предмет на детална анализа и ќе служат како клучни докази во понатамошната постапка.

Според информациите, едно од лицата опфатени со акцијата е Б.К. од Струга, за кого постојат сознанија дека е претседател на бугарско здружение во земјата, како и водител на подкаст со студио во Скопје. Овие наводи се дел од истрагата, која сè уште е во тек.

Надлежните институции најавуваат дека по целосно расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, додека јавноста ќе биде дополнително информирана за развојот на настаните.