ПРВ.мк
Балкан

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ СОСЕДСТВОТО: Едно лице загина!

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ГО ЗАФАТИ СОСЕДСТВОТО: Едно лице загина!

Силното невреме што ја зафати Грција однесе прва жртва. Рано изутринава во реонот на Неа Макри, во источниот дел на Атика, противпожарните служби извлекле безживотно тело на маж заглавен под автомобил.

Првичните информации укажуваат дека станува збор за државјанин на Полска кој живеел во сутеренски простории. Несреќниот маж излегол да ја провери состојбата со поплавата пред својот дом, по што бил однесен од моќните водени стихии.

„Интервениравме со четири пожарникари и две возила, но за жал, само можеше да се констатира смртта. Властите апелираат на максимална претпазливост бидејќи состојбата на терен е критична“, известуваат грчките медиуми.